Утрински Весник
Македонија

Повреден штипјанец почина на пат кон клиника

Повреден штипјанец почина на пат кон клиника
Dik 300x250 mk

Вчера околу 10 часот на пристапен пат во близина на асфалтната база на место викано „Ежово Брдо“, Г.М.(50) од Штип се повредил на работното место, додека управувал товарно возило „мерцедес бенз“, со штипски регистарски ознаки.

Тој бил пренесен во Клинички центар Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, а потоа транспортиран кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, при што починал при транспортот, соопшти МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Можете да прочитате

73-годишна жена уапсена во Неготино, си го запалила домот

Преку ден облачно со сонце, од вечер повторно дожд

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче