Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Повредени 11 полицајци на протестот за „Монструм“

Повредени 11 полицајци на протестот за „Монструм“
Img 7972

На вчерашниот протест кој го организираа роднините на осудените во „Монструм“ се повредени вкупно 11 полицајци.

Веднаш по протестот МВР јави дека бројот на повредни полицајци е седум, но повреди имале уште четворица полицајци поради кои бројката се искачила на 11.

Сите се на домашно лекување.

„Кај сите полициски службеници се констатирани лесни телесни повреди и истите по извршен преглед се пуштени на домашно лекување“, велат од МВР.

Досега во полициска станица се приведени осум демонстранти, а по насоки на Јавен обвинител ќе им биде поднесена кривична пријава за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, предвидено и казниво по член 385 од Кривичниот законик.

„СВР Скопје презема активни мерки и активности за дополнителна идентификација на други лица кои учествуваа во нарушувањето на јавниот ред и мир по што ќе бидат преземени соодветни законски мерки“, велат од МВР.

Демонстранти со фантомки вчера на протестот врз полицијата фрлаа камења, јајца, балони со вода, боја, пластични столици, а врз полицијата ги фрлаа и металните корпи за отпадоци што ги откорнуваа од тротоарите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поради сообраќајка прекинат сообраќајот на експресниот пат Штип – Велес

Родителите на загинатите од Кочани не можат да поверуваат дека судењето би траело до 15 години

Мециновиќ: Работниците и земјоделците повторно ќе ја ослободат Македонија