Утрински Весник
Македонија

Повредени две лица во сообраќајна несреќа – со возило излетале од патот кон Пелинце

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Младо Нагоричане-Граничен премин Пелинце во атар на с.Младо Нагоричане.

Според информациите, несреќата се случила кога автомобил „сеат ибица“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.М.(20) с.Младо Нагоричане, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.М., а со телесни повреди се здобила сопатничката С.М.(19) од с.Младо Нагоричане констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Можете да прочитате

Пет милиони евра за слобода, Марковски излезе од притвор

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари