Утрински Весник
Македонија

Повредениот во сообраќајката кај Дреново во добра здравствена состојба испишан од велешката болница

МЗ: Не се точни информациите дека мајката и синот од Велес се починати повеќе од еден месец

Велес 26 март 2020 МИА (МИА) – Повредениот 27-годишен М.Б од велешкото село Јаболчиште при вчерашната сообраќајка кај Дреново, во добра здравствена состојба вчера попладне  бил испишан од велешката Општа болница и си заминал дома.

Како што информира за  МИА, д-р Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Општа болница, на повредениот му биле направени рентген снимања и лабораториски анализи.

– При тоа од рентген снимките лекарите  констатираа дека нема скршеници на телото, но сепак беше оставен на набљудување неколку часа во Болницата  и попладнето во добра здравствена состојба, беше испишан од болница, информира д-р Неделковска Николова.

Сообраќајката се случи вчера околу 11 часот на патот пред село Дреново, кога возило управувано од М.Б. излетало од патот и се превртело на покривот, по што возачот излегол од возилото и повикал Итна помош од Велес.

Во меѓувреме негови роднини го земале со нивно  возило, а екипата на велешка Брза помош го пресретнала на патот Дреново-Лисиче и му укажала прва медицинска помош.

Како што информира за МИА, д-р Василка Пановска Поп-Стефанова, раководител на Итната медицинска помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес, на повредениот веднаш  му била укажана прва медицинска помош.

– На повредениот веднаш му укажавме итна медицинска помош. Надворешно немаше поголеми повреди, а се жалеше на болки во градите, најверојатно поради нагмечувања од воланот, поради тоа итно го превезовме во велешката Општа болница, појасни Пановска  Поп-Стефанова.

СВР Велес изврши увид на местото на настанот. ад/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!