Утрински Весник
Македонија

Повредениот во сообраќајката во Велес има полесни повреди

Светиниколец починал од повреда на плажа во Лагадин

Велес, 5 март 2020 (МИА) – Повредениот во сообраќајката што попладнево се случи во Велес се здобил со лесни повреди. Укажана му е лекарска помош во Општата болница во Велес.

Како што информираа од Службата за итна медицинска помош при Здравствениот дом во Велес, станува збор за 50-годишен маж кој се здобил со посекотина на фронталната коска над десното око.

Собраќајната незгода се случи во 14.40 часот кај Трговскиот центар меѓу автомобил и мопед при што повреден е возачот на мопедот.

– Полицијата ги утврдила причините за сообраќајката незгода, информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски. ад/бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

За еден ден приведени 10 возачи

Битолчанец вработен во училиште во притвор по меѓународна акција за детска порнографија

Граѓаните од ранливите категории ќе можат полесно да аплицираат за инвертер клима уреди