Утрински Весник
Свет
Img 7972

Повлечени 1,63 милиони дози од вакцината на „Модерна“ во Јапонија

Повлечени 1,63 милиони дози од вакцината на „Модерна“ во Јапонија
Dik 300x250 mk

Јапонија престана да користи 1,63 милиони дози од вакцината на “Модерна“ против коронавирус. Откриено е дека некои ампули содржеле непознати материи.

Министерството за здравство на Јапонија објави дека примило извештаи од неколку центри за масовна вакцинација, во кои се наведува дека е откриено дека во одредени неискористени дози на вакцината се пронајдени непознати материи.

Јапонскиот производител на лекови „Такеда фармацевтикалс“, кој е задолжен за дистрибуција и продажба на вакцината на „Модерна“ во таа земја, објави дека како мерка на претпазливост ја суспендира употребата на околу 1,63 милиони дози произведени во иста производствена линија, пишуваат јапонските медиуми.

Министерството за здравство наведува дека допрва треба да ги проучуваат извештаите за можната нарушена безбедност на вакцината.

Според Министерството, „Модерна“ ветила дека ќе започне истрага.

Извештаите за контаминација стигнаа од осум центри за вакцинација во пет јапонски префектури, а присуството на туѓи материи беше потврдено во 39 ампули, пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

Едно лице убиено, десетици повредени во масовните протести во Перу против претседателот

Двајца загинати во пукотница во близина на училиште во Чешка

Евакуирано средно училиште во Италија по истекување на амонијак