Носител на проектот се правни лица кои можат да обезбедат негова квалитетна имплементација. Проектот треба да биде во согласност со усвоените приоритети на УНЕСКО за петте главни програмски области за периодот од 2020 до 2021 година (содржани во документот 40 С/5 Буџет и програма 2020-2021 (https://unesdoc.unesco.org/ark:/48223/pf0000367155)
Во објавениот повик се содржани информации за буџетите во согласност со нивото на проектите (национални, регионални, субрегионални и интеррегионалните), рокот до кога ќе треба да се реализираат одобрените проекти и начинот за доставување на предлозите до Националната комисија на УНЕСКО.
Подетални информации зa Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2020-2021 година и постапката за поднесување на предлог-проектите заедно со формуларите може да се добијат и да се преземат од линкот: http://www.unesco.org/new/en/member-states/single-view/news/circular_letter_on_the_participation_programme_for_2020_2021 хс/лв/