-Пандемијата КОВИД-19 и кризата предизвикана од неа освен што ја тангира релевантноста и брзината на истражувањата во доменот на биомедицинските науки, таа исто така, има голем импакт и во аспектите на општествените, социоекономските и образовните состојби. Поради тоа, важноста за брз и отворен пристап до научни податоци во ова време е повеќе од очигледна, соопшти МОН.
УНЕСКО почна со онлајн глобална консултација со цел подготовка на Препораките во врска со Отворена наука, а прашалникот како дел од оваа консултација содржи прашања за општите сознанија за поимот Отворена наука, како и научените лекции во врска со КОВИД-19.
-Република Северна Македонија може да даде свој придонес во Препораките на УНЕСКО за Отворена наука и за таа цел ги повикуваме сите установи од оваа област, домашните научни истражувачи и истражувачките тимови, како и сите заинтересирани страни најдоцна до 15 јуни 2020 година да го пополнат прашалникот, наведува Министерството за образование и наука. хс/дма/