Утрински Весник
Македонија

Повик за капитални инвестиции за планските региони, на располагање 10 милиони денари

Повик за капитални инвестиции за планските региони, на располагање 10 милиони денари

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – На Центрите за развој на планските региони на располагање им стојат 10 милиони денари за инвестиции за реконструкција и пробивање на пристапни патишта до земјоделското земјиште. Јавниот повик е објавен вчера од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а крајниот рок за доставување на барањата е до 25-ти овој месец.

Ова го соопшти денеска на прес-конференција министерот за земјоделството, шумарство и водостопанство Трајан Димковски кој рече откако ќе ги добијат проектите доколку е потребно може и да се зголеми вкупниот износ на поддршка.

-Со помош на овие средства, центрите имаат можност да реализираат инвестиции за подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба и реконструкција на пристапни патишта во подрачја со интензивна земјоделска дејност. Со ваквиот тип инвестиции ќе се подобри и олесни пристапот до обработливите земјоделски површини, што е важно за земјоделците кога ги вршат агротехничките мерки, бербата и транспортот на земјоделските производи, рече Димковски.

Како што појасни право на учество на овој Јавен повик имаат Центрите за развој на планските региони на територијата на Република Северна Македонија, регистрирани согласно Законот за рамномерен регионален развој.  По завршување на проектот,  до Министерството, задолжително се доставува комплетен финансиски извештај и наративен извештај за реализираните средства за имплементација на проектот, најдоцна 15 дена по крајниот рок за имплементација на проектот.

-Главната цел на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е да се подобри руралната патна инфраструктура, која е основен предуслов за успешен развој на земјоделството. Ефикасното искористување на овие средства ќе придонесе и за подобар рурален развој и создавање подобри услови за живот во руралните средини. Создавањето поволни услови за работа за земјоделците, е само дел од пакетот системски мерки кои оваа Влада ги презема за развој и модернизирање на агро-секторот, посочи министерот.

Минатата година во рамки на оваа Програма проекти доставиле четири центри, за 22 општини, а вкупната вредност била 24,2 милиони денари. скс/са/

Прес на министерот Трајан Димковски

Posted by MИА.mk on Четврток, 13 февруари 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег