Утрински Весник
Свет

Повик до СЗО да започне нова истрага за потеклото на коронавирусот

Повик до СЗО да започне нова истрага за потеклото на коронавирусот

Група од 26 експерти испратиле отворено писмо до Светската здравствена организација (СЗО) со барање за нова истрага за пандемијата на коронавирусот, бидејќи, како што велат, досега не е исклучена ниту една теорија за потеклото на Ковид-19, пренесува „Ројтерс“.

Еден од авторите на писмото, Николај Петровски, експерт за вакцини на Универзитетот Флиндерс во Аделаида, Австралија, за агенцијата изјави дека и покрај истрагата на СЗО во Кина во јануари, светот не е поблиску до знаење за потеклото на Ковид-19 отколку што беше пред една година.

„Ројтерс“ пренесува дека во отвореното писмо од овие експерти се вели дека мисијата на СЗО немала мандат, независност или соодветни пристапи за да спроведе целосна и неограничена истрага за сите теории за потеклото на Ковид-19.

„Сите можности остануваат на маса и сè уште не сум видел никакви независни научни податоци што исклучуваат ниту еден од нив“, изјави Петровски за агенцијата.

Во јануари, тим научници избрани од Светската здравствена организација (СЗО) ги посетија болниците и истражувачките институти во Вухан, Кина, каде што за прв пат беше идентификуван коронавирусот, во потрага по траги од потеклото на Ковид-19.

Мисијата се најде на удар на критичарите кои го обвинија СЗО дека премногу се потпира на кинеските теренски работи и податоци, додека некои членови на тимот, исто така, рекоа дека Кина не сака да споделува клучни податоци што можат да покажат дека Ковид-19 циркулирал неколку месеци порано отколку што беше признаено, соопшти агенцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење