Утрински Весник
Македонија

Повик до новинари и медиумски работници за вакцинација против Ковид-19, рокот за пријава е до утре

ЗНМ најави протести доколку не се расчистат случаите на насилство врз новинарите
Dik 300x250 mk

Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во координација со Министерството за здравство во наредните денови ќе организира вакцинација против Ковид-19 за група на новинари и медиумски работници.

Во оваа фаза Министерството за здравство одвојува дози од вакцината на „Астра зенека“ за активни новинари и медиумски работници кои ги исполнуваат следниве критериуми:

-Хронично болни новинари и медиумски работници или

-Новинари и медиумски работници кои се на возраст над 45 години, кои се најизложени на вирусот (работат на терен или имаат чести студиски снимања)

Рокот за поднесување на формулар е до утре (31 март) до 16 часот.

Во врска со терминот и локацијата за вакцинирање, пријавените ќе бидат контактирани од претставник на Министерството за здравство или од претставник од новинарските организации.

Останатите новинари и медиумски работници кои не се опфатени во оваа група ќе бидат опфатени во втората фаза на вакцинација која е најавена за крајот на април.

Можете да прочитате

Мицкоски: Иднината на државата е во рамките на ЕУ

„Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова ја освои меѓународната филмска награда за човекови права на Нирнберг

Средба Мицкоски – Страмер: Разговарано за продлабочување на билатералната соработка