Утрински Весник
Македонија

Повик до верниците да го помогнат градењето на новиот конак во Лешочкиот манастир

Повик до верниците да го помогнат градењето на новиот конак во Лешочкиот манастир

Тетово, 23 февруари 2020 (МИА) – Манастирскиот комплекс Свети Атанасиј од тетовски Лешок упати јавен повик до верниците да го помогнат со донации градењето на новиот конак. На први овој месец беше поставен камен темелник за објектот.

-Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, по 170 години, во Лешочкиот манастир „Св. Богородица и св. Атанасиј“ се започна со изградба на нов конак. Ги повикуваме сите верници и добронамерници да го помогнат завршувањето на ова дело, продолжувајќи ја традицијата на нашите предци кои биле градители за Господа и во најтешките времиња и кои безрезервно го помагале Лешочкиот манастир низ вековите. Господ Бог, по молитвите на Пресветата Мајка Богородица, да ја преумножи Својата милост и Своите благодатни дарови врз оние што со љубов и вера пристапуваат кон светињите, се вели во повикот. Новиот објект претставува западно крило од конакот, на место од помошните простории од манастирскиот комплекс, се посочува во повикот до јавноста.

Оние што сакаат да учествуваат во изградбата на конакот, средствата можат да ги уплатат на жиро сметката на Лешочкиот манастир: МПЦ-ОА Скопје-Тетовско-гостиварска прав. епархија Тетово-МЛ, 300000003758883, Комерцијална банка АД Скопје, со назнака: донација за конак, велат од таму.

Новиот конак е планирано да има два ката и вкупно 750 метри квадрати. ас/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Студено утро со температури и до минус 11 степени

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!