Утрински Весник
Свет

Повеќе од 70 приведени на вчерашните протести во Минск

Повеќе од 70 приведени на вчерашните протести во Минск

Белоруските активисти за човекови права известија за 78 лица приведени за време на протестите синоќа, пренесува ТАСС.

„На списокот на лица кои беа уапсени во Минск на 1 септември веќе има повеќе од 70 лица. Многу од нив се ослободени, но некои ќе останат во притвор до сослушувањето пред судот, вклучително и приведените новинари“, велат од Центарот за човекови права „Весна“.

Списокот ќе продолжува да расте, додаваат активистите.

Првично беа приведени околу 10 новинари. Некои од нив се ослободени откако нивните документи биле проверени во локалната полициска станица, но 6 лица морале да останат во притвор цела ноќ (вработени во веб-страницата tut.by и новинар на новинската агенција БелаПАН). Белоруското Министерство за внатрешни работи го потврди приведувањето, додавајќи дека точниот број на приведени ќе биде објавен денеска.

Вчера во Минск и регионите на републиката се одржаа неовластени масовни протести против исходот од претседателските избори. Студентскиот протест на неколку државни универзитети стана еден од најголемите, во кој учествуваа околу 2.000 луѓе.

Претседателските избори во Белорусија се одржаа на 9 август. Според Централната изборна комисија, актуелниот претседател Александар Лукашенко победи со 80,10 отсто од гласовите.

Светлана Тихановскаја беше втора, со поддршка од 10,12 отсто. Таа одби да го признае исходот, а набргу потоа ја напушти Белорусија и отиде во соседна Литванија, каде што е во моментов. Веднаш по објавувањето на резултатите, низ цела Белорусија избувнаа масовни протести кои првично завршуваа со судири со органите на прогонот.

Досега се приведени повеќе од 6.000 лица, а протестите продолжуваат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

11 кинески и руски воени авиони влегоа во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја

Шпанија воведува платено климатско отсуство