Повеќе од 500 жени ja тужеа компанијата „Uber“ во САД поради обвинувања за сексуален напад од возачи.
Во тужбите се наведува дека „возачите на „Uber“ киднапирале, сексуално вознемирувале и малтретирале жени, ги силувале, насилно ги затворале, ги демнеле или на друг начин ги напаѓале“, пренесува Би-Би-Си.
Случајот ќе го разгледа Врховниот суд на округот Сан Франциско.
„Сексуалниот напад е ужасно злосторство и ние сериозно го сфаќаме секој извештај“, изјавиле од компанијата за Би-Би-Си.
Како што соопштиле од таму, нема ништо поважно од безбедноста, па затоа „Uber“ создаде нови безбедносни карактеристики, воспостави политики фокусирани на жртвите и стана потранспарентен за сериозни инциденти.
„Иако не можеме да коментираме за тековните судски спорови, ќе продолжиме да ја штитиме безбедноста на нашата работа“, додале од компанијата.
Во тужбата, поднесена од адвокатите се наведува дека сексуалните напади се случиле во повеќе американски држави.
Исто така, се вели дека уште најмалку 150 случаи на можна злоупотреба се активно под истрага, пренесува медиумот.
Според тужбата, „Uber“ уште во 2014 година бил информиран дека неговите возачи сексуално злоупотребуваат и силуваат патнички.