Утрински Весник
Свет

Повеќе од 40 лица починаа од труење со алкохол во Турција

Повеќе од 40 лица починаа од труење со алкохол во Турција
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Минатата недела 44 лица починале од труење со нелегален алкохол во Турција , објави „Ројтерс“. Поради зголемувањето на цените на алкохолот поради зголемувањето на даноците, турските граѓани сè повеќе се свртуваат кон поевтин домашен алкохол.

Првите смртни случаи се регистрирани во западната провинција Измир, каде што починале 18 лица. И државната телевизија ТРТ објави дека уште седум лица ширум земјата починале од труење со шверцуван алкохол.

Полицијата привела 58 лица поврзани со производство и продажба на нелегален алкохол. На осуммина им е одреден притвор до почетокот на судењето.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека полицијата се сомнева дека некои жртви користеле средства за чистење за производство на алкохолни пијалаци.

Турските власти воведоа високи даноци за алкохол. Во последните десет години цената на пивото се зголеми за 365 проценти, а националниот пијалак раки за 443 проценти. А Владата во јули го зголеми данокот на пијалаци за 6,9 проценти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Премиерите на Данска и Гренланд го повторија барањето до САД за почитување на нивните граници

Кинеските царини за млечните производи од ЕУ се неправедни и неоправдани, оцени ЕК

Венс: Постигнат е голем напредок во мировните преговори за Украина