Утрински Весник
Свет

Повеќе од 120 лица загинале или исчезнале во поплавите во Кина

Повеќе од 120 лица загинале или исчезнале во поплавите во Кина
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Повеќе од 120 луѓе загинале или исчезнале во поплавите и сезонските поројни дождови во јужна Кина, соопштија кинеските власти.Националната метеоролошка служба издаде жолт метео аларм за недела наутро, и тоа е третиот од четирите нивоа на аларм издаден за неколку кинески провинции, вклучувајќи ги и градовите Шангај и Чонгчинг. Дождови се предвидени и во текот на утрешниот ден.

Телевизијата ЦЦТВ емитуваше снимки од поплавени улици во провинцијата Анхуи, додека околу 8,000 луѓе се евакуирани во јужната провинција Џијангси, а 54 куќи биле уништени во невреме претходните денови.

Поплавите низ Кина уништија 17.000 домови и предизвикаа штета од 41,6 милијарди јуани (5,9 милијарди долари). Медиумите пренесуваат дека според првичниот биланс, за време на бурата загинале или исчезнале 121 лице.

Текстот Повеќе од 120 лица загинале или исчезнале во поплавите во Кина е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ ќе мора амбициозно да работи на проширувањето во 2026, ако сака прием на нови членки според планираното

Во Русија разбиена мрежа на печатници кои фалсификувале пасоши и други документи

Јапонија планира рекорден буџет за одбрана во услови на големи тензии со Кина