Утрински Весник
Свет

Повеќе од 1.000 новинари акредитирани за состанокот Путин – Бајден

Хотелите во Женева преполни пред самитот Путин-Бајден

Повеќе од 1.000 новинари аплицираа за акредитација за состанокот меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џо Бајден што ќе се одржи во Женева на 16 јуни, изјави за ТАСС портпаролот на Министерството за надворешни работи на Швајцарија, Пјер-Ален Елтшингер.

„Повеќе од 1.000 новинари поднесоа апликации. Швајцарското Министерство за надворешни работи продолжува да ги проверува добиените информации, со цел што побрзо да се заврши процесот на акредитација“, нагласи Елтшингер.

За да добијат пристап, медиумските работници мора да имаат потврда за вакцинација одобрена од Швајцарија, Европската унија или Светската здравствена организација, негативен ПЦР тест или доказ дека прележале Ковид-19.

Можете да прочитате

Ликвидиран иранскиот министер за разузнавање Есмаил Хатиб

НАТО распоредува повеќе одбранбени сили за заштита на базата во Турција

Зеленски: Војната на Блискиот Исток ќе доведе до недостиг на ракети за Украина