Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Повеќе од 1.000 невработени се охрабриле да отворат свој бизнис за време на корона-кризата

Повеќе од 1.000 невработени се охрабриле да отворат свој бизнис за време на корона-кризата
Dik 300x250 mk

1.468 нови бизниси се отворени преку програмата за самовработување на Агенцијата за вработување, соопшти директорот Абдуш Демири.

Невработените лица најчесто се охрабруваат да започнат бизнис со трговија на големо и мало, преработувачка индустрија и објекти за сместување.

Министерката за труд и социјална политика Јадода Шахпаска вели дека 189 лица со попреченост се вработиле преку програмите на Агенцијата за вработување.

„Со цел зајакнување на конкурентноста на невработените лица на пазарот на трудот, обезбедивме разни обуки за практикантство. Следејќи ги глобалните трендови за дигиталната писменост, обезбедивме обуки за ИТ вештини“, вели Шахпаска.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Буџетот е стабилен, одговара Владата по обвинувањата од Филипче

Потпишан грант-договор меѓу МЕПСО и Француската агенција за развој (AFD), 600.000 евра за модерна и дигитална преносна мрежа

Гувернерот Славески учествува на Годишните средби на ММФ и СБ