Утрински Весник
Свет

Повеќе од седум милиони Руци вакцинирани против грип

Повеќе од седум милиони Руци вакцинирани против грип

Повеќе од 7,3 милиони руски граѓани досега се вакцинирани против грип, објави Руската федерална служба за контрола на заштитата на правата на потрошувачите и здравјето на луѓето.

„Вакцинацијата против грип се спроведува во сите составни единици на Русија. До денес, 7,3 милиони луѓе во Русија се вакцинирани против грип, што е пет проценти од населението“, се наведува во соопштението, пренесува ТАСС.

Вакцинацијата против грип е најдобриот начин да се спречи оваа болест. Оптималното време за оваа вакцинација е периодот од септември до ноември.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германската војска ќе формира шест единици за управување дронови-камикази, вели началникот на армијата

Хамас размислува за распуштање на вооруженото крило и влегување во политиката

Израелската армија започна голема операција во северниот дел на Западниот Брег