Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Повеќе од половина од новите доктори ќе работат со пациентите со Ковид-19

Повеќе од половина од новите доктори ќе работат со пациентите со Ковид-19
Img 7972

Министерот за здравство, заедно со заменик министерот, Арменд Арслани, се сретнаа со докторите на медицина, кои месецов го положија стручниот испит и добија лиценца за работа од Лекарската комора.

Станува збор за вкупно 66 новолиценцирани доктори на медицина, од кои повеќе од половина изразиле желба да работат со пациенти со Ковид-19.

„На средбата младите доктори ја поздравија измената на Законот за здравствена заштита од јануари, минатата година, со која се овозможи секој дипломиран доктор кој се стекнал со лиценца веднаш да почне со шестмесечна пракса за која првпат добиваат надомест од 30.000 денари месечно“, соопштија од Министерството за здравство.

Работата во траење од шест месеци се спроведува во јавните здравствени установи – здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности и на примарна здравствена заштита, во дејностите на итна медицинска помош и домашно лекување, превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа.

Од МЗ велат дека овие мерки се поттик за младите лекари да ја продолжат дејноста во државата, имајќи предвид дека тие се иднината на нашето здравство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Катка Божиновска: Вреди да се бориме за Тетово!

Филипче: Македонија е нашиот дом, да се избориме за достоинствен живот на граѓаните

Каранфилова Пановска: Промените во Вевчани доаѓаат со Стефан Радиновски, да се избориме за нашиот дом!