Утрински Весник
Македонија

Повеќе од еден час доцни седницата на која треба да се гласа законот за ЈО

Повеќе од еден час доцни седницата на која треба да се гласа законот за ЈО

Скопје, 16 февруари 2020 (МИА) – Во секој момент се очекува да почне 135. собраниска седница што беше закажана за 11:00 часот и на која треба да се гласа за Предлог-законот за јавно обвинителство и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители.

Во пленарната сала е раздвижено, пратениците веќе се собираат.

По завршувањето на 135-тата, треба да продолжи 123. седница на која пратениците се очекува да се изјаснат по предлог-измените на Законот за одбрана.

Напладне, пак, треба да се одржи 137. седница на чиј дневен ред е Предлог-одлуката за негово распуштање во пресрет на предвремените парламентарни избори, закажани за 12 април. мч/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски и Крис Павловски на вечера разговараа за иднината на Македонија

Стејт департмент: Закани, насилство и политички притисок врз медиумите во Македонија

Граѓанска победа: Багерите повлечени од Кожуф