Утрински Весник
Свет

Повеќето Ирци сакаат да продолжат со работа од дома и по крајот на пандемијата

Повеќето Ирци сакаат да продолжат со работа од дома и по крајот на пандемијата
Dik 300x250 mk

Околу 80 проценти од ирските вработени сакаат да продолжат да работат од дома барем дел од неделата откако животот ќе се врати во нормала по пандемијата на коронавирусот, покажа истражување објавено денеска.

Како и многу работници во Европа, Ирците беа принудени да работат од дома oд март кога беше прогласена пандемија на коронавирус и земјата се затвори.

Препораката на владата е да се продолжи да се работи од дома таму каде што е тоа е возможно, додека земјата се подготвува да ги укине последните ограничувања.

Од испитаниците, 24 проценти сакаат да продолжат да работат од дома два до три дена неделно откако животот ќе се врати во нормала, според истражувањето на АИБ/Амарах спроведено на 1.000 возрасни лица во текот на изминатите четири недели.

Оние што сакаат да работат еден до два дена од дома, а остатокот во канцеларија се 20 проценти. Исто така, 20 проценти од нив сакаат да продолжат да работат три до четири дена од дома, а 14 проценти од испитаниците рекле дека би отишле во канцеларија во текот на неделата само по потреба.

Останатите 15 проценти претпочитаат да се вратат во канцеларија.

Новата ирска влада вети дека ќе преземе чекори за трајна поддршка на работата од дома, вклучително и даночни олеснувања.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник