Утрински Весник
Македонија

Поведена постапка за осум лица во Делчево​

Поведена постапка за осум лица во Делчево​

Скопје, 22 април 2020 (МИА) – Предлог за казнени налози денеска издаде Основното јавно обвинителство Делчево за осум лица кои не постапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Јавното обвинителлство информираше дека обвинетите за време на викендот, додека во сила била забраната за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија , се движеле пеш или со возила низ градот. Со тоа, не ги почитувале здравствените прописи и го сториле кривичното дело, а за што обвинителството побара од надлежниот суд да им биде изречена парична казна.​ бк/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Жерновски до Митева: Владата никако да каже дали парите за авион ќе ги пренасочи за минималната плата

Да го вратиме Томба дома – Апел за помош за македонски граѓанин во Малта

Пендаровски со школа за млади професионалци од регионот