Утрински Весник
Македонија

Поведена постапка заради разбојничка кражба

Поведена постапка заради разбојничка кражба
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 48 – годишен гостиварец поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Разбојничка кражба.

„ Осомничениот делото го сторил на 30.11.2020 година, околу 13.30 часот во с. Речане, кога бил затечен во кражба и со употреба на опасно оружје – нож, се заканил дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на едно лице. Тој ја прескокнал оградата и ја обил влезната врата на куќата на оштетениот. Започнал да претура по предметите, по што одзел една моторна пила и тргнал да ја напушти куќата. Кај влезната врата бил спречен од страна на оштетениот кој за таа намена поставил пластична столица на влезот. Откако осомничениот увидел дека не може да излезе, извадил нож со дрвена рачка и должина на сечилото од 30 сантиметри и почнал да се заканува на оштетениот, по што со едната рака го гурнал оштетениот и побегнал“ се наведува во соопштението.

Во насока на обезбедување услови за непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до надлежниот суд достави Предлог за определување на мерката притвор за осомничениот. Основниот суд Гостивар го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот со Решение му определи притвор во траење од 30 дена.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје