Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот на 25 април бил пресретнат од овластени полициски службеници во село Трубарево и притоа кај него било пронајдено поголемо количество наркотична дрога и психотропни супстанции. Имено, полициските службеници од осомничениот одзеле 110 цели и 14 ситни парчиња розеви таблети, 1763 сиви таблети, сива прашкаста материја со нето маса од 5,34 грама и сива кристална материја со нето маса од 4,59 грама, кои по состав се 3,4-метилен-диоксиметамфетамин (MDMA), стимуланс на централниот нервен систем класифициран во Националната листа на контролирани психотропни супстанции. Освен ова, кај него биле пронајдени 74 грама кокаин, како и 758 грама марихуана и една дигитална вага со остатоци од наркотични дроги и психотропни супстанции.
До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје надлежниот јавен обвинител доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство и можност тој да го повтори делото. дма/сст/