Утрински Весник
Македонија

Поведена истрага за дилер од Бутел

Поведена истрага за дилер од Бутел

Истражна постапка против 39-годишен скопјанец поведе Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги,

„На 14 ноември, при претрес во домот на осомничениот во Бутел, биле пронајдени 23,55 грама психотропна супстанција – амфетамин и 0,85 грама наркотична дрога – марихуана, кои биле спакувани во помали полиетиленски пакувања и наменети за натамошна продажба. Освен ова, при претресот била пронајдена и дигитална вага и други предмети со остатоци од дрога“, информираат од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.​​

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО

Одбележан Денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството на нашата држава во НАТО

Царинска управа: Откриени 580 парчиња куршуми во автобус, двајца уапсени