По успехот на Евросонг, италијанскиот рок-бенд „Менескин“ е среде голем наплив на фанови, вклучувајќи и една ѕвезда од светската А-листа.
„Забележавме дека Мајли Сајрус започна да нè следи … што е неверојатно“, вели басистката на бендот, Викторија де Ангелис. Бендот има поддршка и од „Ројал блад“ и од една од нивните инспирации, Франц Фердинанд.
Иако Евросонг заврши пред две недели, вревата околу квартетот продолжува да расте, пишува британски „Би-би-си“ и додава дека две од нивните песни најверојатно ќе се појават на официјалната топлиста на Велика Британија – Official UK Top 40 – оваа недела.