Утрински Весник
Спорт

Победникот на Вимблдон падна за четири места на АТП листата

Новак Ѓоковиќ и покрај тоа што ја освои титулата на Вимблдон доживеа пад на АТП листата. Парадоксот се должи на одлуката на АТП и ВТА да не го бодуваат турнирот, поради одлуката да не им дозволи настап на спортистите од Русија и Белорусија.

dobivaj vesti na viber

Ѓоковиќ и покрај тоа што ја одбрани титулата, остана без 2.000 поени, поради што од третото падна на седмото место на АТП листата. Покрај него најголем губитник е ланскиот финалист, Матео Беретини, кој сега се наоѓа на 15.место. Италијанецот пред почетокот на Вимблдон се повлече од турнирот поради коронавирусот.

Оштетен од бесмислената одлука на АТП е и финалистот Ник Кирјос. Насто да освои 1.200 поени и да напредува на листата, Кирјос ќе назадува, од 40. на 45.место.

Прв на листата е Данил Медведев, втор Александар Зверев. Тие двајца загубија 180 поени. Трет е Рафаел Надал, кој лани не играше поради повреда. Следуваат Стефанос Циципас, Каспер Руд, Карлос Алкараз, Ѓоковиќ, Андреј Рубљов, Феликс Оже Алијасим и Јаник Синер.

 

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина