Утрински Весник
Спорт

Победа над Гибралтар, за да се залечат раните од поразот против Грузија

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (18 часот) го игра четвртиот натпревар од Лигата на нации, последен од овој исцрпувачки јунски циклус, кој за нас и нема да заврши многу пријатно поради поразот од Грузија (0:3) дома.

Македонските фудбалери денеска го пречекуваат аутсајдерот Гибралтар и јасно е дека победата е единствена опција.

„Наша обврска е да бидеме на нивото и да го даваме максимумот. Мора да се стават сите во функција на тимот и да бидат на нивото кое се очекува код нас. Имаме почит кон секој противник, тоа се однесува и за Гибралтар. Ние бевме доминантни на претходните натпревари, но мора да бидеме многу поконкретни во завршната фаза, пред противничкиот гол. Ќе има промени во тимот, со оглед дека се соочуваме со повреди и со настинка кај дел од фудбалерите“, изјави селекторот Благоја Милевски.

Александар Трајковски нема да може да настапи поради повреда, Давид Бабунски е суспендиран за овој меч поради жолти картони, а неизвесен е и Елиф Елмас. Ова сериозно го отежнува изборот на Милевски.

Сепак, победата против Гибралтар е исход кој сите го очекуваат.

> Победа над Гибралтар, за да се залечат раните од поразот против Грузија <

Можете да прочитате

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место