Утрински Весник
Македонија

Побаран притвор поради полов напад врз дете кое не наполнило 14 години

Двајца дебрани со тепачка го нарушиле јавниот ред и мир

Гостивар, 3 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, жител на гостиварско село, на возраст од 67 години за сторено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.

Од Обвинителството наведуваат дека во насока на непречено одвивање на постапката и обезбедување присуство на осомничениот, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот суд во Гостивар достави и Предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.

Осомничениот  делото го сторил на 2 април 2020 година, кога искористувајќи го претходното познанство со детето – жртва, го повикал во простории на старо училиште. Детето давало отпор и било слушнато од минувачи, кои ја отвориле вратата и не дозволиле сторителот да побегне.​​згм/скс/

 

з. г. м.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Седум лица приведени во ноќна акција на МВР

Цените на становите одат кон рекордни 5.000 евра ако нема нови ДУП-ови вели Николовски

Полицијата со низа интервенции: Насилство врз сопруги, партнери и малолетник во повеќе градови