Утрински Весник
Македонија

Побаран притвор за осомничен дилер од Скопје

Побаран притвор за осомничен дилер од Скопје
Dik 300x250 mk

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен осомничен за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори казниво по Кривичниот законик.

На 17 септември, при претрес во домот на осомничениот во Драчево, биле пронајдени 261,82 грама марихуана, како и 17,93 грама психотропна супстанција – амфетамин. Освен ова, полициските службеници пронашле и одзеле и 5,63 грама семки од канабис, неколку таблети од 3,4 метилен-диоксиметамфетамин и две дигитални ваги со остатоци од наркотична дрога.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, ценејќи дека се исполнети законските основи – опасност од бегство и можност да го потвори делото.​​

Можете да прочитате

Новата работна недела ја почнуваме со многу повеќе сонце и со суво време

ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, СДСМ во 9, ВРЕДИ во 8 и НАИ во 5 општини

Мицкоски: Победа во над 30 општини, Орце води убедливо во Скопје