Утрински Весник
Македонија

Побарани парични казни за седум лица во Гостивар​ за непочитување на полициски час

Побарани парични казни за седум лица во Гостивар​ за непочитување на полициски час

Скопје, 13 април 2020 (МИА) – Јавното обвинителство побара парични казни за седум лица во Гостивар кои го нарушиле полицискиот час.

– Обвинетите во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Тие не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час без дозвола, пеш или со возила  се движеле низ градот, стои во соопштението од ОЈО.

За  обвинетите, обвинителството со предлозите за издавање казнени налози побара од судот да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби. аа/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пендаровски демантира дека ќе прави партија

МНТ со наградуваната претстава „Народен Пратеник“ гостува во Велес и Пожаревац

Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ