Утрински Весник
Македонија

Побарани парични казни за непочитување на здравствените прописи во Скопје

Истражна постапка и предлог за притвор за 27-годишник осомничен за убиство
Dik 300x250 mk

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против 16 лица за непочитување на здравствените прописи во главниот град.

-Од нив, 15 не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, односно за време на полицискиот час се движеле без да поседуваат дозвола за тоа. Еден од обвинетите, пак, не го почитувал издаденото решение за задолжителна самоизолација, соопшти Јавното обвинителство.

Јавните обвинители за секој од обвинетите предложија парични казни од по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​ дма/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во Чаир не бил приведен член на избирачки одбор туку лица кои се претставувале како набљудувачи

ДИК: Излезноста до 17:00 часот на локалните избори изнесува 39,61%

Приведен член на избирачки одбор во Чаир