Утрински Весник
Македонија

Побарани парични казни заради непочитување на здравствените прописи во Трубарево и во Петровец

Даночна инспекторка од Кавадарци обвинета за примање поткуп

Скопје, 23 март 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по поднесени кривични пријави, до Основниот кривичен суд Скопје достави четири предлози за издавање казнен налог против лица обвинети за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

-Четворицата обвинети, од кои тројца жители на Трубарево и еден на Петровец, влегле во земјава на граничниот премин Табановце на 16, 17 и 18 март, доаѓајќи од различни земји со висок/среден ризик за ширење на епидемијата на опасна заразна болест предизвикана од вирусот Ковид-19. При влезот тие прифатиле и потпишале изјава дека ќе останат во задолжителна самоизолација во нивните домови во период од 14 дена, но на 18 март, при извршена проверка од страна на овластени полициски службеници, не биле затекнати во нивните домови, соопшти Јавното обвинителство.

Надлежните јавни обвинители кои постапуваат во предметите побарале од Судот да им изрече парична казна на обвинетите во висина од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена во вредност од 20 евра во денарска противвредност​. дма/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кривичен суд: Судењето за убиството на Вања и Панче започнува на 4 септември

ТОПЛОТНИОТ АФРИКАНСКИ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ЗАДРЖИ УШТЕ НАЈМАЛКУ 10 ДЕНА: Се очекуваат температури до околу, па и над 40 степени

Во Светниколско во три села вчера изгорели околу 40 куќи, од кои поголем дел се напуштени