Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Побарани надзорните камери на „Паризанска“ за утврдување на несреќата во која загина млада девојка

Побарани надзорните камери на „Паризанска“ за утврдување на несреќата во која загина млада девојка
Img 7972

Издадена е наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот на местото каде се случи несреќата, во која синоќа загина 24 годишна девојка.

Од скопското обвинителство соопштија дека се преземаат и други дејствија за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде донесена одлука за натамошното постапување.​​

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа во близина на трговскиот центар „Сити мол“.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога патнички автомобил „цитроен ц4“, управуван од лице на возраст од 22 години, удрил во двајца пешаци, девојка и момче на возраст од по 24 години, кои поминувале преку улицата. Од здобиените повреди, оштетената починала на лице место, додека другиот пешак е повреден.

По наредба на јавен обвинител, возачот на автомобилот веднаш по несреќата е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, а нареди и вештачење на примероци од крв и урина од возачот на автомобилот со цел да се утврди дали тој управувал со возилото под дејство на алкохол или други недозволени супстанции.

 

Можете да прочитате

Мобилен царински тим заплени над илјада часовници „Ролекс“, „Бос“, „Армани“, поради сомневање за фалсификат

Минчев: Реформите во јавната администрација се реалност, не ветување – Европеизацијата почнува од секој шалтер и службеник

Бесплатни училишни униформи за сите ученици во Општина Крива Паланка