Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Побарани казни за уште тројца прекршители на полицискиот час во Скопје​

Побарани казни за уште тројца прекршители на полицискиот час во Скопје​
300x250 opst2

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје вчера попладне поднесе предлог за издавање казнен налог против уште три лица поднесе, заради „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, соопштија од Јавното обвинителство.

-На 24 и 25 март на различни локации во Скопје тие биле затекнати во непочитување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена со цел спречување и сузбивање на опасната заразна болест COVID-19, информираат од скопското обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи на секој од обвинетите да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност. оџ/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја