Утрински Весник
Македонија

Побарана казна за три лица во Прилеп кои ја прекршиле мерката за самоизолација

ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција: истрагата за случајот „рекет“ се уште не е проширена

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Основното обвинителство во Прилеп поднесе предлог три лица да бидат парично казнети поради кршење на мерката за самоизолација.

-Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе предлози за издавање казнен налог за три  лица кои го сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите во одделни кривично правни настани не ги почитувале мерките за спречување или сузбивање на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19 и не постапиле по изјавите за самоизолација.  Имено, обвинетите на 17 март оствариле влез во Република Северна Македонија од држави со среден и висок ризик за ширење на коронавирусот и согласно мерките биле должни во период од  14 дена  да не го напуштаат престојувалиштето кое го пријавиле како место каде ќе ја спроведат задолжителната самоизолација.  При вршење на контрола од страна на полициските службеници на 19 март, обвинетите не биле затекнати во нивните престојувалишта, соопшти Јавното обвинителство.

Оттаму велат дека на Основниот суд во Прилеп му е даден предлог на обвинетите да им изрече парична казна во износ од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена во износ од по 30 евра во денарска противвредност.​​ сст/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Куче држано две години во мал бокс, без вода, само на сув леб и во неисчистен смет – АХВ и „Лајка“ го одзедоа од сопственикот во критична состојба

Тренчевска: Власта ги остави граѓаните сами, упорно бега од покачување на минималната плата на 500 евра

Климатските предизвици, правната заштита и институционалната координација, во центарот на националната тркалезна маса