Утрински Весник
Свет

Пленковиќ: Хрватска го зголемува бројот на војници на Косово

Пленковиќ: Хрватска го зголемува бројот на војници на Косово

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави денеска дека Хрватска ќе го зголеми бројот на војници во рамките на мисијата КФОР на Косово.

За време на неговата посета на седиштето на НАТО во Брисел, Пленковиќ рече дека тоа ќе се случи во следните неколку недели.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека Хрватска придонесува во разни мисии и операции.

„ Во Ирак, помагање во борбата против меѓународниот тероризам, на Косово, помагање во стабилизирање на тој дел од Западен Балкан, на Балтикот и во поморските операции“, рече Столтенберг пред средбата со Пленковиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Помошта пристигна во северниот дел на Газа за прв пат по две недели

Митинг на Трамп се претвори во концерт, Камала Харис го доведе во прашање неговото ментално здравје

Експлодира цистерна со гориво, најмалку 94 мртви во Нигерија