Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Пленковиќ: Просечната плата во Хрватска за четири години ќе биде 1.000 евра

Пленковиќ најави помал број министерства во Хрватска
300x250 opst2

Хрватскиот мандатар Андреј Пленковиќ денеска соопшти дека новата влада ќе ги исполни ветувањата за раст на просечната и минималната плата и дека просечната плата во таа земја за четири години ќе биде 7.600 куни (1.010 евра).

„За четири години од денеска ветувам просечна плата од 7.600 куни“, рече Пленковиќ во хрватскиот Сабор, одговарајќи на забелешките на пратениците.

Тој додаде дека во претходниот мандат минималната плата била зголемена за 754 куни (околу 100 евра) и најави дека минималната плата во наредните четири години ќе изнесува најмалку 4.250 куни (565 евра).

Пленковиќ додаде дека најавата за отоворање 100.000 работни места во текот на следниот мандат не е случајна и се темели на резултатите од работата на неговата влада во изминатите четири години.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот