Утрински Весник
Свет

Пленковиќ: Политичката култура на Милановиќ на ниво на пијаница во кафеана

Пленковиќ: Политичката култура на Милановиќ на ниво на пијаница во кафеана
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го оцени со нула придонесот на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, за време на неговиот двегодишен мандат, а неговата политичка култура ја спореди со пијаница во кафеана.

„ Надворешната политика, штетна, изолирана. Внатрешната токсична, спуштачка култура. Комуникација на ниво на вербално дивјаштво. Придонесот за секој развој на хрватската држава е нула“, рече Пленковиќ, додавајќи дека „политичката култура на Милановиќ е на ниво на пијаница“.

Пленковиќ особено го прекорил Милановиќ што рекол дека членот на ХДЗ, Звонимир Фрко Перишиќ направил кривично дело, освен што е бандит и монах.

„ Звонко не прекршил ниту една регулатива“, рекол Пленковиќ, додавајќи дека Милановиќ фрла ѓубре во јавен простор за да му наштети, пренесуваат хрватските медиуми.

Можете да прочитате

ФБИ нашле еден милион нови документи за Епштајн

Франција го гради најголемиот воен брод во Европа

Орбан: ЕУ е во состојба на распаѓање