Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Пленковиќ: Колку повеќе граѓани се вакцинираат толку подобро, најидеално би било да може сите

Пленковиќ најави помал број министерства во Хрватска
Img 7972

Успехот на планот за имунизација против коронавирусот зависи од тоа колку луѓе ќе сакаат да ја примат вакцината, рече денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и посочи дека целта е вакцината да ја примаат што повеќе граѓани, односно сите, ако е тоа можно.

На прес-конференција по владината седница на која беше усвоен планот за имунизација, Пленковиќ рече дека пристигнувањето на вакцината е охрабрувачка порака, која дава надеж за нормализирање на животот, социјалните и економските активности.

„Под влијание сме на криза без преседан која го промени светот“, рече хрватскиот премиер.

Пленковиќ денеска предупреди дека намалувањето на бројот на новозаразени, не треба да доведе до опуштање кај граѓаните.

„Нема никаква причина за опуштање. Вирусот и понатаму е тука и убива“, изјави премиерот на Хрватса пред новинарите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Видео) Ураган ја поплави Ибица: Водата однесе автомобили, луѓето заробени во куќите

Трамп: Хамас има три или четири дена да одговори на понудата за мир во Газа

Путин: Горди сме што прифативме четири поранешни украински региони во Русија