Утрински Весник
Македонија

Платите на здравствените работници в година ќе пораснат за 5 отсто

Платите на здравствените работници в година ќе пораснат за 5 отсто

Министерот за здравство Венко Филипче и синдикалните здруженија на здравствените работници, потпишаа анекс на колективниот договор според кој во годината што следува е предвидено да се реализира зголемување на платите за 5 проценти за сите вработени во здравството.

Вкупно 600 милиони денари се издвоени за оваа намена за 2022 година.

„Во изминатите 4 години оваа Влада го врати достоинството на лекарите и медицинскиот персонал. Основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40 проценти, на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 отсто, на општите лекари за 25 отсто, а на здравствени соработници за 15 проценти. Платите на лекарите специјалисти некаде се дуплирани. Го корегиравме коефициентот за дежурства. На младите колеги специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основна плата на општ лекар. Граѓаните заслужуваат најдобра медицинска нега, а здравствените работници достојни услови за вршење на нивната дејност“, велат од Министерството за здравство.

Можете да прочитате

Точи: Под притисок се откажав од истражувањето за извозот на мозочно ткиво во САД

Зејнула бара конкретни чекори од Мицкоски за правата на Турците

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање на службена тајна