Утрински Весник
Спорт

Платини и Роналдо најдобри стрелци на европските првенства

Платини и Роналдо најдобри стрелци на европските првенства

Легендарниот француски фудбалер, Мишел Платини и португалската ѕвезда, Кристијано Роналдо се најдобрите стрелци во историјата на европските првенства со по 9 постигнати гола.

Платини овие 9 погодоци ги постигна на ЕП во Франција во 1984 година. На патот до титулата на тој континентален шампионат „галските петли“ одиграа 5 меча и на сите пет триумфираа, а Платини стрелаше прецизно на секој од мечевите.

Роналдо, пак, до бројката од 9 гола на ЕП дојде со настап на дури 4 Европски шампионати, во Португалија 2004 постигна 2, еден погодок имаше на ЕП во 2008 година, 3 гола постигна на ЕП во 2012 година и уште 3 на ЕП во Франција во 2016 година.

На трето место е Англичанецот Алан Ширер со 7 гола, додека Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ, Португалецот Нуњо Гомеш, Холанѓаните Патрик Клајверт и Руд ван Нистелрој, Французите Тиери Анри и Антоан Гризман, но и Англичанецот Вејн Руни имаат по 6 постигнати гола.

На последниот европски шампионат во 2016 година најпрецизен беше Гризман со 6 гола.

> Платини и Роналдо најдобри стрелци на европските првенства <

Можете да прочитате

ЗОИ 2026: Лолобриџида го освои олимпиското злато на 3.000 метри на својот роденден, поставувајќи рекорд на Игрите

Мбапе испрати извршител до ПСЖ да си го наплати долгот

Осогово и Вардар играа во чест на починатите во „Пулс“