Утрински Весник
Свет

Платеници планирале терористички акти во Белорусија, рускиот амбасадор повикан на разговор

Платеници планирале терористички акти во Белорусија, рускиот амбасадор повикан на разговор
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Амбасадорот на Русија во Белорусија изјави дека бил повикан на разговор во Министерството за надворешни работи на Белорусија.

Причината за повикот е што безбедносните сили на Белорусија уапсиле повеќе од 30 руски државјани во близина на Минск, за кои постои сомневање дека се платеници.

Белорусија се сомнева дека група од повеќе од 30 осомничени руски платеници, кои се уапсени, планирале да извршат „терористички акти“, изјави државниот секретар на белорускиот Совет за безбедност, Андреј Рауков.

Обраќајќи се на новинарите, тој рече дека до 200 платеници сè уште се наоѓаат во Белорусија и дека безбедносните сили трагаат по нив, пренесува „Ројтерс“.

Апсењето се случи откако 200 припадници на таа група влегоа во Белорусија, изјави неименуван полициски извор, пренесува агенцијата „Белта“.

Белоруската новинска агенција ги објави имињата, презимињата и датумите на раѓање на наводните руски платеници, објави „Ројтерс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Рубио најави разговори со Данска за Гренланд

Невработеноста во Германија достигна 6,2 отсто во декември

Зеленски побара нова средба со Трамп за безбедносни гаранции