Утрински Весник
Македонија

Планинар синоќа залутал на косовска територија, утрово е пронајден во бачило

Планинар синоќа залутал на косовска територија, утрово е пронајден во бачило

Утрово е пронајден 42-годишен планинар од планинарското друштво „Љуботен“, кој синоќа залутал на косовска територија.

Тој се движел во група сочинета од 8 планинари, на потегот помеѓу тетовските села Јелошник и Вејце, но се оддалечил од групата и залутал поради густата магла.

Откако случајот бил пријавен во полицијата, полициски службеници на СВР Тетово и двајца планинари започнале со пребарување на теренот и утрово  околу 05.30 часот, тој бил пронајден во бачило во месноста „Коњушка река“.

Планинарот е без повреди и во добра здравствена состојба.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најстудено на Попова Шапка, Битола и Крива Паланка

Сиљановска-Давкова: Празникот да ни донесе радост во срцето, светлина во душата и мир во умот

Финансиска полиција: Пронајдени 350.000 евра во таен простор во Неготино при извршен претрес на дом