Утрински Весник
Македонија

Планинарски марш по повод 76 години Февруарски поход

Планинарски марш по повод 76 години Февруарски поход

Делчево, 22 февруари 2020 (МИА) – По повод 76-годишнината од Февруарскиот поход, утре ќе се одржи планинарски марш до планината Голак.

Како што информира Љупчо Чучуковски претседател на ПСК „Голак“ одговорен за реализацијата на маршот, тргнувањето на планинарите е во 7:30 часот од паркингот пред Спомен дом АСНОМ.

– Маршрутата на движење започнува од Делчево преку Стар Расадник, манастирски комплекс „Св. Богородица Балаклија“, детско одмаралиште, шумска зграда. Патеката е долга 24 километри и во двата правци. Ги повикуваме граѓаните, здруженијата, јавните претпријатија, институции, политички партии и други, да земат учеството во традиционалниот планинарски марш со кој се одбележува значаен датум од НОВ, информира Чучуковски.

Организатор на настанот е општина Делчево од каде додаваат дека во рамките на одбележувањето на 76-годишнината од Февруарскиот поход, учесниците на планинарскиот марш ќе положат свежо цвеќе пред спомен-плочата на Февруарскиот поход.

За сите учесници на маршот предвидени се благодарници, а Општината има обезбедено ручек и топол напиток. вс/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Починатиот Александар ниту работел во „Пулс“, ниту имал здравствено осигурување додека се водел како управител на фирмата

Македонски државјавин уапсен во Србија за шверц на електронски цигари

Мицкоски: Вложуваме во образованието со триесетина проекти со вредност од над една милијарда денари