Утрински Весник
Магазин

Пит Дејвидсон ќе му се придружи на Џеф Безос на пат во вселената

Пит Дејвидсон ќе му се придружи на Џеф Безос на пат во вселената

Комичарот Пит Дејвидсон, наводно, ќе оди на пат во вселената.

Дејвидсон, момчето на Ким Кардашијан, е блиску до потпишување договор да го придружува милијардерот Џеф Безос на летот на „Блу ориџин“.

28-годишната ѕвезда на Saturday Night Live „моментално е во преговори да се качи на летот на Blue Origin со 58-годишниот основач на „Амазон“ за да помине нешто повеќе од 10 минути на 100 километри над површината на Земјата“, објави „Пејџ сикс“.

„Пит е возбуден“, изјави извор близок до комичарот за порталот, иако тоа не е завршена работа.

„Тие сè уште немаат потпишано договор, но изгледа дека тоа ќе се случи. Деталите се финализираат“, додаде изворот.

Можете да прочитате

Зорица Брунцлик итно префрлена на хирургија

Најевтината туристичка дестинација: Седумдневен пакет „сè вклучено“ чини 270 евра

Најдобри автомобили: Нема дефекти и поправки дури ни по 100.000 километри