Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Пирс Морган ги исмева заложбите на Меган и Хари за нулта-емисија на СО2

Пирс Морган ги исмева заложбите на Меган и Хари за нулта-емисија на СО2
300x250 opst2

Британскиот ТВ-водител Пирс Морган го исмеа ветувањето на Меган Маркл и принцот Хари за намалување на глобалните емисии на јаглерод диоксид (СО2) среде нивната добро-рекламирана употреба на приватен транспорт, вклучително и млазни авиони.

Морган (56) во вторникот на Твитер саркастично одговори на Меган Маркл (40) и на принцот Хари (37) во врска со објавата за достигнување нулта-емисија на јаглерод до 2030 година.

Поранешниот водител на „Добро утро, Британија“ се осврна на опширно документираната употреба на приватни авиони од страна на двојката Сасексови, и праша дали поранешната кралска двојка била во авионот на сер Елтон Џон или во авионот на Џорџ Клуни кога го дале своето амбициозно ветување.

Пирс сподели новинска статија во која се наведува дека добротворниот бренд „Арчивел“ на војводата и војвотката од Сасекс има за цел да „достигне нулта емисија на јаглерод до 2030 година. Веб-страницата на „Арчивел“ има над осум милиони следачи.

„Дали го ветија ова од авионот на Сер Елтон или од оној на Клуни?“, твитна Морган.

Морган често го нарекуваат најголем критичар на Меган и нејзиниот сопруг принцот Хари. Многумина веруваа дека неговите остри коментари ќе стивнат со текот на времето, но неговиот најнов твит докажува дека се случува токму спротивното.

 

Можете да прочитате

Железничка станица среде станбена зграда

Четири хороскопски знаци ѝ се враќаат на старата љубов оваа есен: Судбоносната средба само што не се случила

Време е за киселата зелка: Како да знаете колку сол е доволно?