Утрински Весник
Спорт

Пирло се подготвува за тренерска кариера

Пирло: Конте и Ибрахимовиќ се демони

Милано, 22 април 2020 (МИА) – Италијанската фудбалска легенда, Андреа Пирло зборуваше за тренерска кариера.

Поранешниот играч од средниот ред на Милан, Јувентус и „азурите“ има големи амбиции и не сака да работи со младински формации.

– Ми треба специфична цел за да започнам да се стремам кон неа. Мислам дека не би ми одговарале младинските тимови. Претпочитам да започнам да работам директно со сениори. Научив многу од Антонио Конте и Масимилијано Алегри. Двете се многу различни. Алегри работеше многу, но не даде толку многу специфични тактички упатства. За прв пат, помислив дека сакам да станам тренер по еден натпревар на Конте. Тоа траеше околу 40 минути. Потоа, си реков на себеси дека сакам да се занимавам токму со тоа, вели Пирло.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига