Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Пирло го прешкрта Матуиди, Јуве го продаде во Интер од Мајами

Пирло го прешкрта Матуиди, Јуве го продаде во Интер од Мајами
300x250 opst2

Италијанскиот шампион Јувентус се чини почна со реконструкцијата на тимот откако Андреа Пирло го презема кормилото од Маурицио Сари. Пирло во саботата беше промовиран, а веќе денеска е потврдена првата продажба.

33-годишниот фудбалер од средниот ред, Блез Матуиди е продаден во Интер Мајами, клубот каде косопственик е Дејвид Бекам. Матуиди поради своите технички недоследности не успеа да се наметне ниту кај Сари, а на сличен став бил и Пирло, па продажбата била без многу размислување.

Французинот има уште една година од договорот со „Старата дама“, но според италијанските медиуми, Јуве ќе го пушти да си оди без отштета.

Францускиот интернационалец во клубот од Торино пристигна летото 2017 година од редовите на ПСЖ. За Јуве одигра 133 меча и постигна 8 гола.

> Пирло го прешкрта Матуиди, Јуве го продаде во Интер од Мајами <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер